Зошто ЛЕД ламбите се толку популарни?

Кога некој ќе спомне „лед ламба“ веднаш тоа не асоцира на смирувачка илуминација, врвен квалитет, економичност и долготрајност. Лед осветлувањето во голем дел се разликува од класичното осветлување. Причините за овие разлики се оправдани и за таа оправданост зборуваат исклучиво фактите.

Лед ламбите се многу економични

Лед ламбите и генерално целокупното лед осветлување успеваат да претворат околу 80 % од електричната енергија во лед светлина, додека останатите 20% остануваат неискористени. Класичните ламби пак користат 20% од електричната енергија а останатите 80 % остануваат неискористени. Ова значи дека лед ламбите траат повеќе и заштедуваат многу повеќе за разлика од класичното осветлување.

Лед светлата не се штетни

Сите оние кои што имаат развиена еколошка свест првенствено користат лед осветлување. Дали тоа ви кажува нешто?

Лед осветлувањето не влијае воопшто лошо на нашето здравје. Напротив, тоа не му штети а исто така не и наштетува и на животната средина. Она што е најважно да се знае е дека лед светлата не содржат олово, жива и елементи од шестовалентен хром кои се токсични и штетни по човековото здравје а кои често можат да се најдат во класичните ламби.

Лед ламбите се функционални

Како што претходно напоменавме и потенциравме, лед осветлувањето не е штетно, а притоа се користи во многу цели. Покрај тоа што се користи во приватните објекти и домови, лед светлото може да се најде и во сите угостителски објекти, кај модерното улично осветлување, во сите културни места, музеите, теретаните итн. Оваа споредба ја правиме колку да видиме дека лед ламбите се применуваат насекаде и нивната искористеност продолжува да се шири во подем.

Целата статија може да ја прочитате на следниов линк.