Заев: „Нема да има промена на банкнотите или униформите“

На прес конференцијата која се одржа пред неколку минути во седиштето на СДСМ, Заев ја презентираше новата владина програма. На прашање на новинарите, во врска со шпекулациите во јавноста за наводно менување на банкноитите и униформите, тој децидно наведе дека нема да има таква промена, бидејќи тоа задира во Уставот на Република Македонија.

Во обраќањето Заев ги наведе точките и столбовите на новата владина програма на СДСМ.

Она што деновиве најмногу ги интересираше граѓаните и што беше поврзано со шпекулациите за наводни промени на парите (банкнотите) и униформите, беше јасно одговорено.

Заев изјави дека промена на банкнотите и униформите нема да има, бидејќи задира во Уставот на Република Македонија.

Исто така, ги негираше и шпекулациите дека го прифатил барањето од Платформата на албанските партии, за осуда на наводен геноцид врз Албанците помеѓу двете светски војни.

Тој изјави дека е против и дека нема да има никаква промена на знамето, грбот или химната на Република Македонија, но тој нема никогаш да се обиде да спречи дебата за било кое прашање.

Во врска со прашањето за името, изјави дека секој евентуален договор со Грција ќе биде ставен на референдум пред македонските граѓани.