Во среда голема дебата во Кавадарци за буџетот за 2019 година!

Во среда 17.10. 2018 година, со почеток од 13 часот, во општинската сала во Кавадарци ќе се одржи отворена дебата за Буџетот на општина Кавадарци за 2019 година. На дебатата ќе учествуваат градоначалникот на Кавадарци, претседавачот на Советот, претставници на Finance Think и УСАИД, претставници од локалната администрација (ЛЕР и Финансии), советници, невладини организации, компании, како и граѓани.

Дебатата е поттикната и организирана од организациите Квантум Прима од Кавадарци и Finance Think од Скопје, како членки на FISCAST network, кои во соработка со општина Кавадарци, организираат настан околу буџетот и буџетското партиципирање во општина Кавадарци преку проектот “Мои пари, моја одговорност: партиципативно раководење со буџетот на општините во Република Македонија”, кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество Civic Engagement Project-Macedonia.

Се очекува масовно присуство на граѓаните на Кавадарци и плодна дебата, каде граѓаните ќе можат да дадат и свои предлози и сугестии за приоритетите за Буџетот на општина Кавадарци за 2019-та година.