ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци пред целосен распад!

Катастрофално слабиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, за кој известивме, изгледа ја прелеа и онака преполната чаша во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Дознаваме дека после митингот, кој беше вистинско фијаско, во партијата имало голема кавга, каде биле разменети тешки зборови за тоа кој бил виновен за таквата ситуација.

Исто така, синоќа беше откажана и Комитската вечер која требаше да се одржи во хотел ФЕНИ во Кавадарци, нешто што досега не се случило. Од разговори со членови на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци дознаваме дека Груевски бесен за фијаското на митингот, буквално им се дерел на луѓето од раководството на партијата во Кавадарци, кои под казна сега требало да носат луѓе на секој митинг низ Македонија.

Караницата продолжила и вчера преку целиот ден. Најтешките зборови паднале во врска со тоа кој дозволил Панчо Минов да биде ставен на 4-тото место на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица. За поголемиот дел од членството тоа било вистинско понижување, знаејќи дека пред само неколку години ги колнеше до трето колено советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Во вакви околности синоќа помеѓу 23:00 и 23:30 часот, бил скршен прозорец во главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Немаме информација дали тоа е направено од подржувачите на незадоволното крило кое се приклонува масовно кон коалицијата ВМРО за Македонија, или е направено од самите членови на ВМРО-ДПМНЕ  со цел да се отргне вниманието за големото незадоволство во партијата и за тоа да се обвини Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија.

Симптоматично е тоа што по поставувањето на транспарентот на кој пишуваше „Ја уништивте партијата! Панчо не е ВМРО!“, пред главниот штаб во Кавадарци, било поставено 24 часовно обезбедување. Како некој успеал да скрши прозор без да биде виден од обезбедувањето?

Тоа сугерира дека најверојатно ова е уште една местенка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се обвини противникот и да се дефокусира кавадаречката јавност од расколот во оваа партија.

вмро-дпмне-штаб-кавадарци-1

Исто така, дознаваме дека членството на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, крајно разочарано, одбивало да се вклучи во активностите на терен. Штабовите на партијата во Кавадарци зјаат празни, како што може да видите на фотографиите.

вмро-дпмне-штаб-кавадарци-2

вмро-дпмне-штаб-кавадарци-3

Општинската организација на СДСМ од Кавадарци целосно ги негираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие изјавија дека на овие избори решиле да водат позитивна кампања со презентирање на мерките и проектите од програмата План за Живот во Македонија.

На фејсбук страната на СДСМ Кавадарци, како и на нивниот веб сајт, може да се видат само видеа и презентации каде се промовира програмата и мерките за граѓаните. Исто така, дознаваме дека како никогаш досега СДСМ од Кавадарци не била поактивна на терен во средбите со граѓаните и презентирањето на програмата.

Како што можевме да се увериме, во нивните штабови низ Кавадарци беше полно со народ, кои се спремаа да одат на терен низ Кавадарци.

сдсм-штаб-кавадарци-1

сдсм-штаб-кавадарци-2

Членовите и активистите на партијата коментираат дека како никогаш досега, Кавадарчани не биле толку незадоволни од сегашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Капак на Кавадарчани беше пропаднатата сезона со откупот на грозјето, при што половина од грозјето остана необрано и скапа на нивите. Државата наместо да им помогне на лозарите, им даде по 3 денари од килограм откупено грозје на визбите.

Кавадарчани коментираат дека триото (винската мафија, власта на ВМРО-ДПМНЕ, и „Агротиквешија“ таканареченото здружение на лозарите на Љупчо Аризанов) се гробарите на лозарството во Кавадарци. Аризанов, во средата беше забележан во првите редови на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Аризанов на митинг на ДПМНЕ

Пред митингот, на влезот на Кавадарци, група лозари извадија огромен транспарент со порака до Груевски: „Никола, лозарите не ти забораваат“.

Лозари транспарент