(ЕКСКЛУЗИВНО) Владата најави нов раст на минималната плата во Македонија

Премиерот Зоран Заев најави натамошен раст на минималната плата. Уште на почетокот на својот мандат, Владата предводена од СДСМ ја зголеми минималната плата на 12.000 денари, сега се очекува таа да биде уште повеќе зголемена.

“Сакам да најавам дополнително носење на одлука за минимална плата. Ќе расте затоа што видовме дека имаме добар ефект“, изјави изјави Зоран Заев, премиер на Република Македонија.

Главен приоритет за владата е растот на платите и подобрување на животниот стандард на граѓаните, додаде министерот за финансии Драган Тевдовски. Неговите пресметки се дека лани просечната плата пораснала за 5,7 отсто, што е за тројно  повеќе во однос на претходните години.

“Мнозинството граѓани живее од својот труд, живее од плата, нема доход од капитал. Ќе продолжиме да даваме поддршка за претпријатијата да отвораат подобри работни места, да инвестираат и практично животниот стандард на граѓаните да оди напред“, рече Драган Тевдовски министер за Финансии.

Фокусот за годинава според власта ќе бидат капиталните инвестиции. Пред се инфраструктурните проекти. Главен приоритет е автопатското решение до границата со Косово, а се најавува посериозен ангажман и на  останатите започнати автопатски делници. Иако проекција за раст на економијата за годинава е 3,2 отсто, очекувањата на Владата е дека бруто домашниот производ ќе порасне и повеќе 4 отсто.

Текстот е превземен од сајтот Иновативност МК.