(ФОТО + ВИДЕО) Владата на СДСМ гради мост во Ваташа вреден пола милион евра

Не, не е ова никаква лажна вест. Владата на СДСМ во Ваташа инвестира скоро половина милион евра во нов мост, во реконструкција на патиштата, како и на кејот во Ваташа.

Ваташа, познатиот бастион на ВМРО-ДПМНЕ, 11 години не доби скоро ништо поголемо и капитално од власта на ВМРО-ДПМНЕ и претходниот градоначалник Александар Панов. Но работите се менуваат.

Со новата Влада на СДСМ и со новиот проевропски градоначалник Митко Јанчев, Ваташа целосно се урбанизира и модернизира.

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци, констатираа денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев по увидот на градежните работи.

Но не само Ваташа, туку и цела општина Кавадарци доби финансиски средства од Владата за реконструкција на 8 најпрометни улици и еден булевар.

Министерот Сугаревски и директорот на ЈП Патишта најавија и целосна реконструкција на патот Росоман-Кавадарци во должина од 11 километри. Кавадарци полека почнува да наликува на модерен европски град.

Зошто работите се променија на подобро?

Некои можеби ќе речат дека добро еве ова е за пред референдумот за убедување на гласачите, но доколку ја погледнете програмата на Министерството за транспорт и врски, како и на Владата, ќе видите дека во следните неколку години се планира да се инвестираат повеќе од 800 милиони евра во патна инфраструктура во Македонија.

Значи не во споменици и панорамски тркала, туку во автопатишта и мостови. Има разлика!

Понатаму, Кавадарци конечно доби проевропски градоначалник кој е во добра релација и соработка со премиерот Заев, како и со Владата.

Секако тука е и подршката од мнозинството на СДСМ во Советот на општина Кавадарци, кои безрезервно ја подржуваат секоја добра иницијатива и секој нов проект, но и лобираат во Владата за повеќе капитални инвестиции во Кавадарци.

Тука е и раководството на СДСМ Кавадарци на чело со Горан Тодоров, како и директорот на ЈП Македонски Шуми Зоран Ѓорѓиев, кое дополнително лобира во Владата за подршка на општина Кавадарци.

Замислете, претходно за време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, да се инвестираа пари од Владата во маала во Струмица, каде ВМРО-ДПМНЕ губеше катастрофално. Напротив, на општина Струмица и се пуштаа инспекции, се кочеше на секој начин работењето на тогашниот градоначалник Зоран Заев.

Сега работите се променети. Граѓаните, без разлика за која партија гласале, се третираат подеднакво. Подеднакво се инвестира и во Струмица каде СДСМ победува 3:1, но и во Ваташа, каде СДСМ губи 3:1. Има разлика браќа и сестри од ВМРО-ДПМНЕ. Работите се менуваат на подобро! Пред фактите и боговите молчат!