(ВИДЕО) Над 1000 американски тенкови во одбрана на Полска од евентуална инвазија од Русија

Деновиве во Полска пристигнаа преку 4.000 американски војници, како и над 10.000 оклопни возила, хамвија, транспортери и тенкови, кои во полна воена подготвеност симулираат одбрана на Полска и балтичките земји од евентуален воен напад на Русија.

Воената агресија на Русија врз Крим и Источна Украина, ги направи нервозни Полска и Балтичките земји членки на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија.

Затоа САД, со договор постигнат уште од изминатата година, распоредија огромна воена сила на границата со Русија.

Деновиве американската војска и тенкови имаат воена вежба на која симулираат одбрана од евентуална воена инвазија од Русија врз Полска и Балтичките земји.

Русија веднаш го осуди ваквиот потег на САД. Многумина шпекулираат дека ова е реакција на мешањето на Русија во хакирањето на серверите на Демократската Партија во САД, што според многумина влијаеше врз резултатите на изборите.

Сепак, експертите тврдат дека ова е резултат на договор постигнат уште лани помеѓу Обама и владите на Полска, и балтичките земји. Во следната фаза, американски војници и тенкови ќе бидат распоредени и во Романија и Бугарија со цел да се направи еден заштитен лак околу Русија, која последните години под раководство на Путин, води се поагресивна надворешна политика, често користејќи и директна воена сила.

Ваква блиска средба на две воени велесили немало уште од Студената војна. Во Полска американските војници беа топло пречекани.

Коментари

коментари