(ВИДЕО) Млад Кавадарчанец освои прво место на Балкански турнир во кик бокс

Младиот Кавадарчанец Филип Ризов освои прво место на Балкански турнир во кик бокс. Ризов во категоријата до 57 килограми го освои златниот медал.

Генерално Кавадарчани забележаа одлични резултати на овој турнир. Кик бокс клубот Будо од Кавадарци освои еден златен и два сребрени медали на „К-1 трофејот на Ниш“ во Србија.

Покрај Филип Ризов, кој во категоријата до 57 килограми го освои златниот медал, медали освоија и Јован Костов ( до 69 кг) и Александар Захарчев ( до 63 кг). Тие се закитија со сребрени одличја.

Ова видео е момент од финалната борба, каде Ризов го нокаутира својот противник.

Коментари

коментари