(ВИДЕО) Денес официјално отварање на маркетинг агенција во Кавадарци

Кавадарци уште еднаш потврди дека е град со висока претприемачка култура и град со млади желни за иновации и развој на сопствени бизниси.

Денес во Кавадарци ќе се отвара нова маркетинг агенција која се занимава со дигитален маркетинг, веб дизајн, видео продукција, 3Д анимации, фотографија и графички дизајн.

Името на компанијата е Тивиус Продукција. Лоцирана е на улица Шишка бр. 60 во Кавадарци, наспроти средното училиште ЕМУЦ Киро Спанџов Брко. Деловниот простор на компанијата е од 50-тина м2 и е поделен на студио за видео и фотографија и на канцеларија со компјутери.

Тивиус е прва дигитална маркетинг агенција во Кавадарци од ваков вид, и е најголемо студио за фотографија и снимање во регионот.

Тимот на Тивиус Продукција три години работат како фриленсери, се до декември 2017, кога ја основаат компанијата. Студиото и канцеларијата се работеа изминатите два месеци според претходно направена 3Д анимација токму од тимот на Тивиус.

Досегашните клиенти им се од Македонија (Скопје, Кавадарци, Неготино, Охрид, Струмица итн.), и од САД (Лос Анџелес, Бостон, Колорадо). Имаат соработувано и со фирми од Италија, Србија и Шпанија.

Тимот на Тивиус може да ги најдете на Facebook, YouTube, Twitter и LinkedIn. Или може да ги контактирате директно преку нивниот веб сајт www.tivius.mk.

Коментари

коментари