Трибина со Стево Пендаровски во Кавадарци

Во домот на културата “Иван Мазов Климе” во Кавадарци, се одржа граѓанска трибина со претседателкиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Кавадарчани покажаа огромен интерес за оваа трибина. Домот на културата во Кавадарци беше претесен за да ги собере сите присутни.

Голем дел од присутните граѓаните не успееа да ниту да влезат внатре во салата, и да присуствуваат на трибината.

Главен фокус на трибината беа темите за нашите евроинтеграции, економијата, младите и сл.

“625 милиони евра директни странски инвестиции кога ја добивме поканата за НАТО, а со влезот во НАТО и ЕУ ќе ни се отворат многу фондови. Со НАТО добиваме меѓународно безбедни граници. Сите не интересира подобар животен стандард. Да ги задржиме младите во земјава. Мојот избор ќе значи продолжување по овој успешен пат“ рече меѓу другото кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Позитивната и победничка атмносфера ја следи целата кампања која досега ја водат социјалдемократите во Кавадарци. Покрај огромната посетеност на вчерашната трибина, од социјалните медиуми можеме да забележиме масовно вклучување на граѓаните во активностите за кампањата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.