Тепачка во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци на 2 дена пред изборите

Уште еден скандал во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Кавгите и вербалните пресметки кои се случуваа за време на целата кампања, синоќа преминале во физичка тепачка, дознаваме од членови на партијата.

Раскол-во-ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци-2

Дознаваме дека во тепачката учествувале неколку членови на партијата, кои под дејство на алкохол, почнале најпрво вербално, а подоцна и физички да се пресметуваат.

Тепачката се случила во еден од штабовите на партијата во Кавадарци. Имено, вчера во општинскиот штаб пристигнале резултатите од интерната анкета која ја правеле во централата во Скопје, и на анкетата, ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци губел со 10 процентни поени разлика. Тоа предизвикало големо разочарување и револт кај членовите, каде повторно биле разменети тешки зборови за катастрофалната ситуација.

Од информациите кои ги добивме, од неколку членови навредливи зборови биле упатени кон кандидатот за пратеник Весна Пемова. Еден од членовите рекол дека од фамилијата Пемови уште синот што не бил кандидиран за пратеник, алудирајќи на тоа дека и маж и претходно беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, а и таа претходно 2 мандати. Приврзаниците на Пемова, исто така, биле обвинети дека Пемова е многу блиска и до Панчо Минов, за кој таа лично агитирала да биде ставен на листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Блискоста на Пемова со Минов, датира уште од пред 15-20 години кога Минов како градоначалник му помага на братот на Пемова со дозволи за забни ординации. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја обвиниле Пемова дека сега таа се оддолжува за тоа на Панчо Минов, кој е еден од најомразените личности помеѓу членовите на оваа партија, кои пред само 3 недели на главниот штаб поставија транспарент со натпис: „Ја уништивте партијата. Панчо не е ВМРО“.

Раскол-во-ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци-3

Денеска целата кавадаречка чаршија зборува за инцидентот, кој не бил пријавен во полиција, со цел да не се дознае за него.

Ова се случува во критичен момент за партијата, која изминатава кампања ја помина катастрофално. Прво митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци беше вистинско фијаско, со едвај 800 луѓе присутни.

вмро-дпмне митинг кавадарци 1

Претходно и лозарите извадија транспарент на влезот на Кавадарци: „Никола, Лозарите не ти забораваат“, пречекувајќи го лидерот на оваа партија кога доаѓаше во Кавадарци. Лозарите се гневни поради катастрофалната година, каде половина од грозјето скапа на нивите или се свари како ракија, а Владата застана на страната на визбите и воопшто не помогна.

Лозари транспарент

Целата кампања на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци помина анемично, со плукање по противникот и со заплашување за некаква двојазичност и федерализација, која повеќе пати одлучно беше демантирана од опозициската СДСМ.

Во меѓувреме, голем број од членството на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци масовно ја напушташе партијата и се приклучуваше на коалицијата ВМРО за Македонија на Љубчо, Љубе и Стојанче Ангелов. Штабовите на партијата скоро цела кампања зјаеја празни.

вмро-дпмне-штаб-кавадарци-2

вмро-дпмне-штаб-кавадарци-3