Сакате да вградите камин? Потребно е да исполните 3 важни услови!

Ниту еден предмет кој што се наоѓа во ентериерот на вашиот дом не дава такво чувство на топлина, романтика и блискост како што тоа го прави каминот. Да се потсетиме само на сцените во филмовите и деловите од литературата во кои мајката или бабата му чита приказни на својот син или внуче покрај топлиот камин, во кои семејството се собира покрај камин на фамилијарна вечера, и во кои љубовниците уживаат покрај каминот во страста на зимската ноќ.

Но пред се, клучната функција на каминот е добро да го загрее вашиот дом и вашите простории и таа негова задача тој успешно ја извршува.

Три важни предуслови за вградување на каминот:

За да можете да вградите камин, претходно треба да се исполнат одредени технички предуслови за негово сигурно и безбедно вградување на соодветно место во вашата просторија од домот.

Како прво, морате да видите на кое место е инсталиран оџакот во вашата просторија, потоа на подлогата на која ќе биде тој поставен мора да се осигурате дека таму на тоа место има секогаш доток на свеж воздух.

Самиот дијаметар на оџакот не смее да биде помал од 20 сантиметри, а неговата висина мора да биде поголема повеќе од 4 метри, приклучокот на каминот мора да биде на висина од најмалку 2 метри, но исто така мора во тој момент да се внимава и на аголот каде ќе биде сместен каминот кој не смее да биде над 45 степени.

Подлогата на каминот најдобро е да биде бетонска и од цврст материјал но никако не смее да биде од стиропор, камена волна, или некој друг изолационен материјал.

Целата статија може да ја прочитате на следниов линк.