Писмо од група граѓани: Зошто ОЈО не реагира за кривичната пријава до Александар Панов?

Денеска добивме писмо од граѓани на Кавадарци, кое исто така било доставено и до Основното Јавно Обвинителство во Велес. Се работи за кривична пријава од 2015-та година за градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, а за која ОЈО Велес сеуште не реагира.

Според писмото, кривичната пријава се однесува за корупција и злоупотреба на вршење на јавни функции во врска со Јавно Приватно партнерство за уличното осветлување на град Кавадарци и е поднесена уште на 10.12.2015, но досега ОЈО Велес воопшто нема реагирано по неа и пријавата сеуште стои во фиока.

Подоле ви го пренесуваме во целост текстот на писмото:

Отворено писмо до Основното Јавно Обвинителство Велес

 

Од Група граѓани на град Кавадарци

 

Предмет.- Кривичната пријава против градоначалникот на Кавадарци Александар Панов бр. VI   РО 277 /14 од 10.12.2015  за корупција и злоупотреба на вршење на јавни функции во врска ЈавноПриватно партнерство за уличното осветлување  на град Кавадарци .За која до сега немате преземано никаква активност

 

  1. Подносителот на кривичната пријава против градоначалникот Александар Панов во истата навел конкретни докази и факти со кои се утврдува дека на конкретно посочени 10  улици не се инсталирани  207 светилки со вредност од 70,555  евра
  2. Со исплатата на месечните ануитети – 11.000 Евра-месечно  е одпочнато неколку месеци пред потпишувањето на договорот Септември 2013 година  Што е спротивно на член 13 од договорот за ЈПП.

       3.исто така во продолжение на на оваа кривичната пријава против градоначалникот Александар Панов  е наведена направената штета  за не наместени светилки од 20.980 евра  во 9 кавадаречки села кои исто така се влезени во договорот за ЈПП член 4 став 2.

 

  1. Злоупотреба на средсва ое ЕУ ИПА гранд  ( два пати платено)

 

Со предлог одлука за ОДРЕДУВАЊЕ ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ за користење на средства од ЕУ ИПА гранд за рурален развој градоначалникот Александар Панов  го навел Советот на општина Каввадарци да на седниццата одржана на ден 20.03.2015 година донесе одлука  за Замена на 400 улични светилки во сите села од кавадаречката општина И ПОКРАЈ ТОА ШТО СПОРЕД ДОГОВОРОТ ЗА ЈПП член 4 став 2 ТОА Е ОБВРСКА НА ПРИВАТНИОТ ПАРТНЕР.

вредност дел 260.000 евра

  • Класичен криминал ( два пати платено ) направен од страна на градоначалникот Александар Панов

      Уличното осветлување на Паркчето позади ресторанот Ексклузив според Рекапитуларот а според тоа и според договорот за ЈПП за улично осветлување  е должност на Приватниот партнер НО почитуваниот градоначалник на град Кавадарци Александар Панов го има наредено  со фотоволтажни светилки кои се во огромен број ,

вредност од околу 2.000.000 денари .

Иронијата да биде поголема фирмата од која се набавени овие светилки и на која и се исплатени овие пари е ПРИВАТНИОТ ПАРТНЕР за улично осветлување на град Кавадарци .

Го прашуваме Основното Јавно Обвинителство Велес ДО КОГА ЌЕ ГИ ШТИТИМЕ КРИМИНАЛЦИТЕ