Недоверба на Владата или на опозицијата?

Каква интерпелација за Владата од ДПМНЕ и Мицкоски, па Заев ќе ги растури со факти и аргументи, тој е народен човек, храбар и мудар и ги знае проблемите на граѓаните и ги решава постепено, не може се наеднаш а Вие што немате трпение е друга работа.

А бре луѓе па нели државата беше заробена и урнисана до гуша, па не може Заев преку ноќ да ги реши сите дубиози и проблеми, оставете го човекот и дајте му поддршка во натамошната работа за средување на Македонија во сите области, име, НАТО, ЕУ, економија, демократија, судство, медиуми итн.

Ги заборавивте ли “бомбите”, храброста и одлучноста на Заев во разнебитувањето на режимот на Груевски, а ретко кој тоа би го направил освен Заев кој можеше да си води спокоен живот со семејството, но целиот се вложи во заштита на државата и нејзините граѓани.

Значи нему му е потребна максимална поддршка и ветер во грб за да продолжи со полн капацитет за средување на состојбите во Р.Македонија.

Ги немаше во Парламентот, бојкотираа, сеир си гледаа и оп наеднаш недоверба на Владата, тоа е недоветна работа.

Значи таа расправа во Парламентот ќе биде општа смеа каде ДПМНЕ нема да знае како се вика и ќе зборуваат само со невистини, без аргументи и само голо напаѓање.

На крајот ќе излезе недоверба на Опозицијата.

Но тоа ти е ДПМНЕ, ѓавол да го носи

Бранко Шемов
Поранешен член на ЦО на СДСМ Кавадарци