НАСТАН: Јас и буџетот на Општина Росоман

На 29-ти мај 2019 година, со почеток од 14:00 часот вo општинската сала во Росоман, мрежата ФИСКАСТ ќе организира јавно предавање на тема: ”Јас и буџетот на општината- направете Вашиот глас да се слушне”.

На предавањето граѓаните ќе имаат можат да се информираат како трошењето на буџетот на општината влијае на квалитетот на животот на граѓаните и можностите за нивно учество во процесот на изготвување на буџетот на општината.

На јавното предавање свое излагање ќе имаат: Борче Треневски, од Економскиот Факултет во Скопје, г-дин Бранко Јанев, градоначалник на општина Росоман, и Благој Ѓелевски претставник од ФИСКАСТ мрежата.

На следниов линк на фејсбук може да погледнете детали за настанот, а подолу може да ја погледнете агендата за настанот.