Меморијален турнир ‚‚Вуко Каров‘‘ и ‚‚Тиквешки Легенди‘‘

На 25.02.2018 (недела) ќе се одржи традиционалниот 19-ти по ред Меморијален турнир ‚‚Вуко Каров‘‘ и ‚‚Тиквешки Легенди‘‘ Кавадарци.

Вуко Каров

На Меморијалниот турнир ‚‚Вуко Каров‘‘ и ‚‚Тиквешки Легенди‘‘ Кавадарци, активно учество земаа три екипи, и тоа организаторот на турнирот  ГФК ‚‚Тиквеш 1930‘‘ од Кавадарци, екипата на ‚‚Еуромилк АД‘‘ од Скопје и екипата на ФК ‚‚Тетекс‘‘ од Тетово.

Според програмата од организаторот на турнирот, свеченото отварање на турнирот ќе започне во 12:30 часот, каде што пред присутните свое обраќање ќе имаат претседателот на ГФК  ‚‚Тиквеш 1930‘‘ г-дин Миле Масларков и градоначалникот на град Кавадарци г-дин Митко Јанчев.

По свеченото отварање, во 13:00 часот започнува првиот напревар, помеѓу екипите на ГФК ‚‚Тиквеш 1930‘‘ и ФК ‚‚Тетекс‘‘. Во 13:45 часот ќе започне вториот натпревар помеѓу екипите на ФК ‚‚Тетекс‘‘ и ‚‚Еуромилк АД‘‘. Турнирот со свој наптревар го затвораат екипите на ФК‚‚Еуромилк АД‘‘ и ГФК ‚‚Тиквеш 1930‘‘.

По завршувањето на натпревареварувачкиот дел, следи прогласување на најдобрите  на турнирот и затворање на турнирот.

Ова ќе биде одлична можност за сите љубители на фудбалот, наредниот викенд своето слободно време да го поминат на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци.

Коментари

коментари