МЕГА БОМБА: 123-ца тврдокорни цел месец масовно протестираат во Кавадарци

Мега-бомба од Кавадарци. Повеќе од еден месец, дури 123-ца најверни подржувачи на криминалот на Груевски масовно протестираат во Кавадарци.

Улиците во Кавадарци преплавени од народ. Дури 123-ца вработени во администрацијата, и верни подржувачи на криминалот на Груевски, повеќе од месец дена масовно протестираат во Кавадарци.

И денеска плоштадот беше претесен да го собере сиот овој народ, кој после работното време од администрацијата, веќе месец дена, по наредба од штабот на ДПМНЕ, протестира низ кавадаречките улици.

Од граѓани на Кавадарци дознаваме дека бројката на протестанти, понекогаш достигнувала и до неверојатни 138-мина, што е навистина неверојатно.

Целиот свет е запрепастен од таа огромна бројка на подржувачи на криминалните активности на фамилијата на власт на чело со Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков.

Останува да видиме дали за оваа истрајност на овие тврдокорни 123-ца Кавадарчани, Груевски ќе ги награди со бесплатно возење во Мерцедесот од 600.000 евра, или можеби бате Саше ќе ги повози со некоја од неговите јахти паркирани во Монте Карло.