Колку тежат општинските буџети – анализа на Институтот за Стратешки Истражувања и Едукација

Во периодот од мај до ноември 2017 година Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје во соработка со Центарот за граѓански комуникации од Скопје и со финансиска поддршка од Европската унија го спроведуваше проектот „ТРАНСПАРЕНТНО СКОПЈЕ: Акција за креирање на отворени и достапни бази на податоци за поттикнување реформи и заштита на јавниот интерес во Скопскиот регион“. Целта на проектот беше подобрување на пристапот до податоци поврзани со квалитетот на живот на граѓаните и останатите засегнати категории во Скопскиот плански регион. Дополнителна причина за спроведување на истражувањето претставува и фактичката состојба на затвореност на институциите во поглед на овозможување на пристап до податоци.

Проектот го опфаќаше скопскиот плански регион во чиј состав се општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер Сандево и градот Скопје. Скопскиот регион со население од 571.040 жители е најнаселен регион во Македонија.

Градот Скопје во рамките на своето делување преку буџетот во периодот од 2013 до 2016 година потрошил 24.436.018.000 денари или 397.333.625 евра. Во оваа сума не е вклучена вредноста на основниот буџет за 2017 година, која изнесува 5.015.000.000 денари. Во односниот период на анализа, Градот Скопје најголем консолидиран буџет имал во 2016 година и тоа 6.891.736.000 денари, додека најмал консолидиран буџет има во 2014 година и тоа 5.480.000.000 денари. Општина во рамките Скопскиот плански регион со најголем буџет во периодот предмет на анализа е Општина Карпош со консолидиран буџет од 2.066.713.000 денари (околу 33 милиони евра) во 2015 година, додека општина со најмал буџет во односниот период е Општина Зелениково, со консолидиран буџет од 61.185.510 денари во 2013 година.

Правната рамка со која се уредуваат буџетите на единиците на локалната самоуправа е уредена со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Согласно овој Закон, како извори на финансирање на единиците на локалната самоуправа се определуваат: 1) сопствени извори на приходи; 2) дотации на средства од Буџетот на Република Македонија и од буџетите на фондовите, и 3) задолжувањето.1 Сопствени извори на приходи се: 1. Локални даноци утврдени со закон: – данок на имот; – данок на наследство и подарок утврден со закон; – данок на промет на недвижности, и – други локални даноци утврдени со закон; 2. Локални такси утврдени со закон: – комунални такси; – административни такси, и – други локални такси утврдени со закон; 3. Локални надоместоци утврдени со закон: – надомест за уредување на градежно земјиште; – надоместоци од комунална дејност; – надоместоци за просторни и урбанистички планови и – други локални надоместоци утврдени со закон; 4. Приходи од сопственост: – приходи од закупнина; – приходи од камати и – приходи од продажба на имот со чија продажба не се нарушуваат јавните функции и надлежности на општините; 5. Приходи од донации; 6. Приходи од парични казни утврдени со закон; 7. Приходи од самопридонес и 8. Други приходи утврдени со закон.