КАМПАЊА НА ЕТНО БАР – Да ја негуваме традиционалната македонска кујна

Традиционалниот македонски ресторан Етно Бар од Скопје, овој месец започна интересна и креативна кампања за промоција на традиционалната македонска кујна и храна. Кампањата им се вика: „Да ја негуваме традиционалната македонска кујна“ и е организирана од маркетинг агенцијата Тивиус Продукција.

Etno bar

Добрите гурмани знаат дека македонската куна е една од најдобрите и најразновидните во светот.

Македонската кујна е препознатлива кујна за Балканот, со ориентални и медитерански влијанија. Заради релативно топлата клима која дозволува одлични услови за растење на разни зеленчуци, овошја, зачини и билки, македонската кујна е особено разновидна.

Таа е исто така позната по разновидноста и количеството на месо и млечни производи, како и локални алкохолни пијалаци како разни вина, ракии, мастика итн.

Маркетинг кампањата главно е наменета за социјалните мрежи фејсбук и инстаграм и има за цел да го потенцира богатото македонско наследство во однос на храната и традиционалната кујна.

Кампањата, визуелно и тематски, е осмислена од маркетинг агенцијата Тивиус Продукција.

Сите фотографии се направени со автентична храна од ресторанот Етно Бар кој се наоѓа на градскиот кеј во Скопје. Подоле ви ги претставуваме дел од фотографиите и графичките решенија од кампањата.