Како До Совршена Брада Со Употреба На Тример

Негата на коса и брада е од особена важност за благосостојбата на мажите. Но, колку и да е ова есенцијално, многу од мажите имаат проблем кога станува збор за времето кое го посветуваат на нивните фризури и бради.

Ги знаеме вообичаените причини – мораме да одиме на работа, брзаме да ги однесеме децата на школо, презафатеност и вообичаеното „Ме мрзи“.

Затоа, во наредните две минути прочитајте како употребата на тример за брада може да ви заштеди време и да направи вашата брада да изгледа совршено во секој можен стил.

Брадата сеуште е во тренд

И во 2017 година трендот на брада е во нагорна линија. Нема сомнение дека брадата го прави еден маж да изгледа позгодно и помажествено. Помина времето кога брадата беше знак за нечија апатија. Напротив, сега самата брада стана еден вид неизбежен „акцесоар“ на мажите со стил.

Најпопуларните стилови на брада

Постојат безброј стилови на брада и секоја му прилега на секого на уникатен начин. Ова се стиловите на брада со кои не можете да промашите:

1. Планинска брада (Целосна брада) – Овој тип на брада е во тренд долго време. Се што е потребно е да ја пуштите вашата брада да расте по природен пат онолку долга колку што сакате, но со секојдневно нејзино уредување и чешлање. Ова е тип на брада за мажи кои го сакаат класичниот изглед и не ви е потребен некаков стилист за да го извлечете овој изглед.

2. Кратка брада – Стил кој можеме да го забележиме кај помладата популација, како и кај многу од спортистите кои со години носат кратка брада (Дејвид Бекам). Кратката брада е полесна за одржување (со помош на тример) од целосната брада и е идеална за секоја прилика.

Целата статија може да ја прочитате на следниов линк.

Или порачајте машки комплет за одржување на коса и брада.