Како да наместите ланци за снег и мраз

За сигурно возење во зимски услови, составен дел од вашата зимска опрема мора да бидат ланците за снег и мраз. Денес ќе ви објасниме како успешно да ги наместите на вашиот автомобил.

Ланците за снег и мраз, покрај тоа што се законска обврска во зима кога се движите по одредени патишта, можат многу да ви помогнат доколку често возите во планински предели или во било кои други предели кои се завеани од снежни бранови.

Затоа, доколку планирате возење во такви предели не е лошо на вашето возило да имате ланци за снег и мраз.

Монтирањето на ланците за снег и мраз не е толку тешко и најчесто со нив доаѓа и упатство за како да ги наместите. Прво и основно што треба да знаете се димензиите на вашите тркала па врз основа на димензиите да купите ланци кои ви одговараат.

Кога ќе ги купите новите ланци за снег и мраз, препорачуваме преку дента да пробате самите да ги наместите во вашиот двор или гаража за подоцна доколку ви се итно потребни за на терен да можете да ги наместите побрзо. Со пробно монтирање, бидете сигурни дека ќе имате знаење и умеење да ги поставите ланците на вашето возило во било кој момент.

Како да ги монтирате ланците

1. Расплеткајте ги ланците и поставете ги широко пред погонските тркала.

2. Провлечете ги ланците од внатрешната страна на тркалото, така што средината на гумениот обрач на ланецот да дојде отприлика на средина од тркалото, а останатиот дел од ланците развлечете го на земјата од предната страна на тркалото.

3. Потоа, подигнете ја десната и левата страна на гумениот обрач и спојте ги на горниот дел (врвот) од тркалото.

Целата статија може да ја прочитате на следниов линк.

Коментари

коментари