Интересна репортажа за Кавадарци

Порталот Travel Mood On вчера објави интересна репортажа за Кавадарци и Тиквешкиот регион, на англиски и на италијански јазик.

„Кавадарци – совршено место за одмор помеѓу лозјата и природата“ е насловот на репортажата за Кавадарци на порталот Travel Mood On.

Приказната започнува со географско лоцирање на Кавадарци, мала прошетка низ паркот и спомен костурницата, и подоцна опис на околината, на лозјата и на Тиквешкото езеро.

Порталот споделува и неколку интересни занимливости и информации за туристите.

Англиската верзија на репортажата може да ја прочитате на следниов линк. Исто така, репортажата може да ја прочитате и на италијански јазик, со оглед дека порталот има доста посети и од Италија.