(ФОТО + ВИДЕО) Илјадници Кавадарчани излегоа масовно во подршка на Бетиан Китев и советничката листа на СДСМ

Во саботата вечерта на градскиот плоштад во Кавадарци ечеше „Победа, Победа“. Околу 4000 Кавадарчани, масовно како никогаш досега, излегоа на митингот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, да дадат подршка на кандидатот за градоначалник Бетиан Китев и на советничката листа на СДСМ.

Подолу може да ги погледнете фотографиите од митингот, како и видео од моментот кога на бина се качува Бетиан Китев и во исто време се палат 30-тина бакљи.