(ГАЛЕРИЈА) Хуманитарна акција на ЛК СДММ Кавадарци

Локалниот Клуб на СДММ Кавадарци продолжува со хуманите активности. Денес одржаа хуманитарна акција во домот за лица со попреченост во развојот од Кавадарци, каде донираа едукативни игри и помагала за овие лица.

Младите социјалдемократи од Кавадарци, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денес беа во посета на Дневниот Центар за Лица со Попреченост Кавадарци каде преку забавни и едукативни игри имаа едночасовна дружба со корисниците и им донираа едукативни помагала.

Тие, исто така, разговараа и со вработените во Дневниот Центар, за начините на поголема социјална инклузија на лицата со попреченост и како може да се помогне со цел кревање на свеста кај останатиот дел од општеството.