Граѓаните кажаа ДА за “ТACT”. Продадени над 100 часовници зa помалку од еден месец

За помалку од еден месец на пазарот, TACT рачните часовници веќе ги има низ цела Македонија и пошироко.

Од компаниjата за часовници TACT, кој е целосно нов бренд на македонскиот пазар, велат дека се презадоволни од продажбата во првиот месец.

Според нив: „македонските купувачи јасно и недвосмислено кажаа ДА за нивните производи.“

Досега се продадени над 100 часовници од сите модели. Елеганцијата, моќта, и свежината која со себе ја имаат TACT рачните часовници ги направи екстра популарни особено кај машката популација.

„Уште повеќе, фактот што часовниците се наши македонски производи, се чини дека е дополнителен мотив за купувачите да се свртат повеќе кон TACT часовниците„ – велат од TACT.

Според нив, тие се фокусирани како на квалитетот така и во елегантниот дизајн на часовниците. „Грижата за клиентите е секогаш наша прва мисла“ – велат од компанијата.