(ГАЛЕРИЈА) Тотално фијаско на митингот на Силјановска во Кавадарци

Доколку го искористиме зборот слаб митинг тоа би било преувеличување. На Мицковски и Силјановска вечерва им се случи вистинска катастрофа во Кавадарци. Едвај 250 луѓе присуствуваа на убедливо најслабиот митинг во историјата на Кавадарци.

Што се случи вечерва на митингот на Гордана Силјановска во Кавадарци? Некогаш силното ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, кое полнеше плоштади како од шала, вечерва собра едвај 250 луѓе кои неволно го слушаа здодевниот говор на Силјановска.

А во говорот веќе познатото. Името, па името, па името, и ниту еднаш не кажа алтернатива која таа би ја понудила за македонските граѓани, ниту пак спомна нејзина програма за претседател. Само празна демагогија.

Ваквото вечерашно сценарио се навестуваше уште од утрината кога централниот штаб на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци осамна со транспарент со натпис „Гога не е ВМРО“.

Очигледно во партијата има огромно незадоволство од нејзината кандидатура, со оглед дека во 90-тите години е министер во Владата на Црвенковски и има долга соработка со фондацијата СОРОС, како член на управниот одбор.

Дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе доживеат катастрофа и на изборите во Кавадарци, ќе видиме веќе на 21ви април кога е првиот круг.