(ГАЛЕРИЈА) КИМ се претстави на најголемиот светски саем за храна во Париз

Една од најреномираните компании од Македонија, од секторот прехранбена индустрија, КИМ од Неготино, се претстави на најголемиот светски саем за храна СИАЛ во Париз.

Саемот SIAL 2018 е најголемиот светски саем за храна и иновации во храната. Секоја година бројот на изложувачи на саемот ја надминува бројката од 7000 од над стотина држави во светот.

Оваа година неколку македонски компании од прехранбената индустрија учествуваа на саемот SIAL 2018. Меѓу нив беше и компанијата КИМ од Неготино која имаше свој штанд, каде беа изложени нејзините производи.

КИМ е една од најуспешните и брзорастечки македонски компании од прехранбената индустрија.