(ГАЛЕРИЈА) Фијаско на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Кавадарци

Расколот во ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, катастрофално се одрази врз излезноста на митингот на оваа партија синоќа во Кавадарци. Кавадарчани коментираат дека ова бил најслабиот митинг во историјата на Кавадарци.

вмро-дпмне митинг кавадарци 1

Без еуфорија, мрачна атмосфера и свиркање за новопечениот вмровец Панчо Минов. Вака накратко може да се опише атмосферата синоќа од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Низ кавадаречката чаршија денеска се коментираше колку ниско падна ВМРО-ДПМНЕ во овој град, во споредба со претходните митинзи каде плоштадот бил преполн со луѓе. Сега присуствуваа само оние 300-400 вработени во администрација, присилени да дојдат, и уште толку тврдокорни подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Имаше и уште 100-тина Роми кои со 3 автобуси дојдоа од други градови. Вкупно не повеќе од 800 луѓе присуствуваа на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

вмро-дпмне митинг кавадарци 3

Ниту Груевски со неговиот 45 минутен говор, ниту бакљите, ниту прегласно пуштената химна на ВМРО-ДПМНЕ, не успеаа да ја кренат атмосферата кај присутните.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ го губи тлото во Кавадарци. Раскараноста и поделеноста во партијата, но и дебаклот оваа година со лозарите, каде Владата не помогна при откупот, беа клучни Кавадарчни да му свртат грб на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро-дпмне митинг кавадарци 2

Пред митингот, лозарите извадија транспарент на влезот во Кавадарци, на кој пишуваше: „Никола, лозарите не ти забораваат“.

Лозари транспарент

Подолу ви претставуваме уште неколку фотографии од фијаското кое синоќа го доживеа ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Кавадарци.

вмро-дпмне митинг кавадарци 5

вмро-дпмне митинг кавадарци 4