(ФОТО + ВИДЕО) Пожар во депонијата Мелци близу Кавадарци

Денеска шест пожарникарски возила се обидуваа да го изгаснат големиот пожар во депонијата Мелци, близу Кавадарци. Целиот чад ветерот го дуваше накај Кавадарци, па воздухот во Кавадарци денес беше најзагаден во цела Македонија.

Среќа што во овој момент во Кавадарци заврна дожд кој им помогна на пожарникарите да се справат со пожарот во депонијата Мелци кој денеска излезе од контрола.

Вообичаена пракса е сметот во депониите да се компресира, и тоа се прави контролирано и во неколку фази. Не знаеме како настанал пожарот, но факт е дека излегол од контрола, што предизвика огромен облак со чад да надвисне над Кавадарци. Мерните станици покажаа дека денес Кавадарци беше најзагаден град во Македонија.

Граѓаните изреволтирани побараа одговорност од директорот на ЈП Комуналец, како и од градоначалникот на Кавадарци.

Облакот од чад кој доаѓаше од пожарот во депонијата Мелци, содржеше многу отровни честички, многу над границите на дозволеното.

Дождот и ангажманот на пожарникарите придонесе овој голем пожар да се изгаси и локализира.

Граѓаните прашуваат дали некој ќе понесе одговорност за денешниот пожар во депонијата Мелци. Исто така, бараат да се направи стратегија за поефикасно менаџирање со депонијата т.е. воведување систем на навремено гасење и контролирање на оганот при горење на сметот.