(ФОТО) Северниот булевар во Кавадарци е непрооден поради неколку огромни кратери

Северниот булевар во Кавадарци или таканаречениот „нов пат“ кај Градската Болница е скоро непрооден поради неколку огромни кратери на патот.

Градоначалникот Александар Панов на последните неколку преса, глумејќи одговорен политичар и загрижен патриот, не даде одговор кога планира да го реконструира Северниот Булевар, една од главните сообраќајни артерии на Кавадарци.

Денес ви препорачуваме да не поминувате по оваа улица. Возачите кои денес поминуваа беа гневни на неодговорната локална власт, бидејќи веќе неколку години овој пат е тешко оштетен и скоро непрооден за сообраќај, а од локалната власт освен спорадично крпење на дупките, не е превземено ништо друго.

Неколкумина возачи погодија и неколку дупки полни со вода, кои не се јасно видливи, при што едно возило остана дефектно.

Пред неколку месеци пишувавме за овој пат и предупредивмме дека пополнувањето на дупките со шодар и песок не е никакво решение. Денес патот е дури уште пооштетен од пред два месеци.

Иако беше ветена, од страна на Александар Панов во неговата програма, реконструкција на сите поважни улици во градот, тоа никогаш не се оствари. Главните улици во Кавадарци денес се во катастрофална состојба.