(ФОТО) Кавадарчани со масовна подршка за Стево Пендаровски

Уште првиот ден од кампањата за претседателските избори покажа кој ќе биде фаворитот на македонските граѓани, а кој е аутсајдерот.

Како велат, една слика илјада зборови. Подршката за Стево Пендаровски во Кавадарци очигледно е голема. Од друга страна подршката за Силјановска во Кавадарци е историски најслаба од сите досегашни кандидати за претседател.

Денес едвај 3 автобуси од Кавадарци заминале во Охрид на митингот на Силјановска. Но и информациите од интерните анкети за Кавадарци покажувале убедливо водство на Пендаровски.

Од информации во ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци дознаваме дека во партијата имало бројно крило кое се погласно било за бојкот на изборите, и кое особено не ја подржувало Силјановска, како поранешен министер во Владата на Бранко Црвенковски, активист во фондацијата СОРОС, и сопственик на фри-шопови.