ЕКСКЛУЗИВНО: Почнува разврската! Режимот спрема пеколно сценарио!?

Ексклузивно дознаваме дека следната недела ќе почне разврската околу политичката криза и деблокада на Собранието. Соопштенијата на Стејт Департманот и Европската Унија, каде без дипломатски заобиколувања, беше побарано итно деблокирање на демократските процеси и формирање Влада, исто така го најавуваат ова.

Целата македонска јавност добро знае дека заплашувањето со Тиранската платформа и наводна одбрана на Македонија, е само параван на раководството на ДПМНЕ да се спаси од одговорност (читај затвор) за сторените многубројни криминали.

Со јасен изборен резултат и чисто мнозинство од 67 пратеници или преку 700.000 гласачи (македонски граѓани), формирањето на нова Влада на чело со СДСМ е неминовен исход и остварување на волјата на мнозинството македонски граѓани (преку 700.000, наспроти 450.000 кои гласаа за ДПМНЕ).

Со блокирањето на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, директно беа закочени демократските процеси, но и понижена волјата на мнозинството македонски граѓани кои избраа промени и побараа одговорност за криминалците од власта.

По блокадата на Собранието и со тоа флагрантното кршење на демократските принципи, меѓународната заедница на чело со ЕУ и САД, отворено застана на страната на новото легитимно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.

Почнува разврската

Веќе неколку недели траеше пародијата во Собранието на Република Македонија, каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сами си држеа говори и сами си реплицираа до бескрај. Во меѓувреме Македонија целосно се блокираше. Земјоделците не можат да си ги земат субвенциите, компаниите се заробени во неизвесност, целата држава е во статус кво.

Дознаваме дека следната недела пратениците од новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници, предводено од СДСМ, ќе започне процедура за деблокада за Собранието. Начинот како тоа ќе се изведе сеуште се чува во најстрога тајност. Планот е прво да се избере Претседател на Собранието, а подоцна и Влада.

Пеколното сценарио на режимот

Фокус, во најновиот број, според тајни извори од АРМ, наведе дека планот на раководството на ДПМНЕ е прогласување на воена состојба од страна на претседателот Иванов (претседателот може да прогласи воена состојба, доколку парламентот не е во можност да се состане, а земјата е нападната, или е објавена војна).

Реално услови за воена состојба нема во никој случај, но и овој пат, уште еднаш Уставот ќе биде прегазен, и толкуван како што им одговара на Груевски и фамилијата.

Планот наводно бил, Иванов и раководството на ДПМНЕ да се преселат во воениот бункер на Јасен (20 км од Скопје), и од таму да командуваат со војската, полицијата и нивните паравоени формации. Наводно, Иванов и Груевски пред неколку дена биле во посета на овој воено-разузнавачки центар, кој има големи бункери, изградени од ЈНА, а се отпорни и на нуклеарни напади.

Во првата фаза, во стилот на Ердоган, се планирало апсење на првите луѓе на СДСМ, на чело со Зоран Заев, како наводно предизвикувачи на државен удар, а во втората етапа апсење и на граѓански активисти, професори, и останати жестоки критичари на режимот. Како можност се разгледувало и гасење на Интернетот, на критичките телевизии, па дури и привремен прекин на телефонските линии.

Амбасадорите и раководството на СДСМ, реално стравувале од ова сценарио на режимот кое може да ја внесе Македонија во крваво сценарио. Дали е ова навистина возможно, или само блеф на Груевски, ќе дознаеме многу скоро.

Подетално за ова може да прочитате во најновиот број на неделникот Фокус.