ЕКСКЛУЗИВНО: Панчо Минов можен кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци!?

Од неофицијални извори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме дека најголеми шанси за кандидат за градоначалник на Кавадарци, како кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има пратеникот Панчо Минов.

панчо минов

Како се наближуваат локалните избори, полека се откриваат потенцијалните кандидати за градоначалници. Веќе почнаа да се откриваат имињата кои ќе се натпреваруваат за позицијата градски татко во Скопје, но и во неколку други општини.

Деновиве од неофицијални извори во двете најголеми партии, почнаа да излегуваат и имиња за кандидати за останатите градови ширум Македонија. Од неофицијални извори од ИО на ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека најголеми шанси за кандидат за градоначалник на Кавадарци, како кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има пратеникот Панчо Минов.

Иако за многумина ова можеби звучи изненадувачки, но интерните анкети покажале дека останатите двајца најсериозни кандидати од ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци имаат многу помал рејтинг од Минов.

Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов, чиј мандат го тресеа неколку афери, од која последната беше за изборен поткуп на Роми, за што Панов има и кривична пријава и за што се води судски процес, има рекордно низок рејтинг кај Кавадарчани. Друга причина е и тоа што ниту едно од поголемите ветувања во негoвиот 8-годишен мандат не беше исполнето, како Затворен Пазар, Подземен Коридор, Аква Парк, реконструкција на главните улици во градот, довршување на кејот на реката итн.

Вториот кандидат, Горица Пеливанова Вилхелм, која е претседавач со Советот на Општина Кавадарци и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, исто така не била многу популарна на анкетите. И неа минатата година ја тресеа неколку афери за непотизам, каде беше обвинета дека целото семејство и било вработено во администрација.

Исто така, дознаваме дека Минов, кој е и координатор на една од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, имал директна подршка од Груевски.

На Груевски особено му се допаднале политичкиот талент на Панчо Минов, како човек кој е добар во убедување и кој нема срам да се појави пред било кој гласач. Така, тие се надевале да придобијат и многу неопределени гласачи од Кавадарци.

Останува да видиме како ова би поминало кај партиското членство на ДПМНЕ во Кавадарци, бидејќи Минов не е најпопуларен кај нив.

Инаку Панчо Минов, два пати претходно беше градоначалник на Кавадарци, два пати пратеник во Собранието на РМ, и еден мандат советник.