ЕКСКЛУЗИВНО: Американски специјалци учествувале во спасувањето на пратениците

Ексклузивно дознаваме дека во операцијата за спасување на пратениците во Собранието учествувале 20-тина американски специјалци.

Американската специјална единица (Navy Seals) учествувала во спасувањето на пратениците во Собранието во четвртокот вечерта.

Некаде во 19.30 ситуацијата станала алармантна кога беше јасно дека полицијата под команда на Чавков нема намера да интервенира со цел да спречи линч на пратениците.

Тогаш од американскиот амбасадор во Македонија, Бејли, е побарана помош и интервенција од американската војска стационирана во базата Бондстил на Косово, која е оддалечена само 50-тина километри од Скопје . Единицата специјалци со хеликоптер пристигнува во Скопје, по што со возила некаде во 20.10 пристигнува во Собранието, заедно со останати полициски сили, кои сеуште биле под команда на министерот Нухиу.

Првите шок бомби се испукани токму од американците. За половина час пратениците се безбедни и ситуацијата е ставена под контрола.

Целта на Груевски не била ликвидација на Заев

Груевски, во стил на класичен мафијаш, во емисијата Топ Тема на Телма во петокот изјави, дека, да сакале да го убијат Заев од толпата тоа и ќе го стореле. И тука тој е во право. Можеби само тоа беше вистина од целото негово интервју со Чомовски.

Но, планот бил сосема поинаков. Можеби дури и уште пострашен.

Целта била да се исплашат Заев и останатите пратеници, дека навистина можеби ќе бидат ликвидирани од платениците на Груевски и Мијалков, и да повикаат на помош од нивните подржувачи. Груевски се надевал дека така нападнат и раскрвавен Заев нема да делува рационално.

Секако тука би дошле и Албанците, кои веќе тргнале некаде во 19.45 накај Собранието. Тогаш би настанал судир помеѓу двете групи, каде би имало најмалку стотина жртви.

Во прилог на оваа теза, оди и тврдењето на пратеникот проф. Ферид Мухиќ, кој изјави дека слушнал како некој од маскираните лица им наредувал на останатите да се подели оружјето, кога дознале дека Албанците тргнале накај Собранието.

Иванов тогаш требало да прогласи воена состојба и да ја извади војската на улица. Веднаш би се уапсиле неколку стотина учесници од двете страни, и би почнало апсење на останатите повидни подржувачи на СДСМ како наводни пучисти. За ова пишуваше и Фокус уште пред една недела.

Сепак, трезвеноста, смиреноста и самопожртвуваноста на Заев и останатите пратеници, спречија поголемо крвопролевање и безмалку граѓанска војна во Македонија.

Дознаваме дека и подржувачите на Села веќе почнале да се собираат да тргнат накај Скопје, но наводно Села телефонски најстрого забранил некој да излезе на улица и да исценира конфликт кој би имал несогледиви последици.

Од кого беше заканувачкиот телефонски повик до Груевски и Иванов?

Исто така, во минутите пред интервенцијата на полицијата, Груевски добил телефонски повик од исклучително влијателна и моќна личност во ЕУ и НАТО. Пораката била дека доколку под итно не престане сценариото во Собранието, Груевски ќе биде уапсен уште на аеродромот во Виена и изведен пред Меѓународен Суд, како воен злосторник.

Истиот телефонски повик го добил и Иванов, кој видно исплашен, во изјавата во 22 часот само повика на смирување на тензиите и дијалог, и не прогласи воена состојба.