(ФОТО + ВИДЕО) Денес се отвори прекрасна и модерна пекара во Кавадарци

Пекара Здравје е името на пекарата која денес се отвори во Кавадарци, а наликува на најубавите и најмодерни европски пекари, и е единствена од ваков вид во нашиот град.

Во Пекара Здравје Кавадарци може да најдете вкусни пецива, кифли, банички, крофни, кроасани, пици, ладни сендивичи, слатки, но и најразлични врсти на кафе за носење.

Секако може да си порачате и кафе и да уживате на некоја од масите внатре или надвор пред објектот кој се наоѓа на улица Илинденска број 115, веднаш до Street Bar.

Ви пренесуваме дел од нивната приказна, објавена на нивната фејсбук фан страна:

Цврсто веруваме дека постои она што се нарекува совршен оброк, со совршено одбрани зрна жито, направени со љубов и создадени за нашите ценети купувачи. 

 

Уште пред неколку месеци, развивајќи ја идејата за Пекара Здравје, целта ни беше да создадеме уникатно место создадено за уживање, каде ќе се служат највкусни пецива, кифли, банички, крофни, ладни сендивичи, слатки, но и место каде ќе има најразлични врсти на кафе за носење.

 

Целта ни е да го донесеме духот на Starbucks во Кавадарци. Кавадарци заслужува вакво место кое веруваме дека ќе стане омилената дестинација за пауза на сите генерации, и млади, ученици и средношколци, и родители, и баби и дедовци, и административци и работници, и сите останати наши сограѓани кои ќе сакаат да уживаат во луксузниот простор, а да консумираат квалитетна храна по цени прифатливи за сите.

 

Пекара Здравје се наоѓа на улица Илинденска 115, веднаш до Street Bar. Пекара Здравје е вкусот кој го посакувам!