Casa Cubana од Скопје нуди 50% попуст на целото мени на храна

Познатиот скопски ресторан Casa Cubana, кој се наоѓа на градскиот кеј во Скопје, има неверојатен попуст од 50% на целото мени на храната. Попустот ќе трае од 15 јануари до 10 февруари од 08 до 20 часот.

Еве што објавија на нивната фејсбук фан страна:

Кога сме кај храната, мексиканската и латиноамериканската кујна го држат приматот или барем се во врвот на светските кулинарските гастрономски задоволства.

Ние во CASA CUBANA сакаме на нашите ценети гости да им овозможиме неодоливи гастрономски уживања од нашето ново и подобрено мени.

Сакаме сите да имаат можност да ја вкусат уникатната мексиканска кујна. Затоа од вторник 15ти јануари, па се до 10ти февруари, целото мени од нашата кујна ќе биде на 50% попуст.

Веруваме дека добрата храна треба да биде право на секој, а не само привилегија на неколкумина кои можат да си ја дозволат.

Ве очекуваме!

Ресторанот исто така има и ново мени, кое го редизајнираше тимот на Тивиус Продукција, дигитална маркетинг агенција од Кавадарци.

Редизајнираното мени може да го погледнете на следниов линк.