БОМБА НА МИТКО ЈАНЧЕВ: „Сметам дека треба да се излезе и да се гласа на референдумот!“

Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски. „Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев.

На прашањето за неговиот став во однос на Спогодбата со Грција, Јанчев одби да го коментира тој документ и рече дека наскоро ќе го каже својот став.

Од партиски извори дознаваме дека веќе подолго време има одредена нетрпеливост меѓу претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот.

Јанчев вели дека наскоро ќе информира за неговите наредни потези.

Извор: МКД.МК