Бетиан Китев ги презентираше 5-те клучни проекти од програмата и беше помеѓу граѓаните на Ваташа

Во Кавадарци активно започна предизборната кампања за локалните избори. Кандидатот на Социјалдемократкиот Сојуз на Македонија, најпрво ги најави 5-те клучни проекти, а попладето ги посети домовите на граѓаните од село Ваташа.

 

„Под број еден, во соработка со Владата, целосно ќе го гасифицираме Кавадарци. Граѓаните и фирмите ќе плаќаат поефтини сметки за електрична енергија и до 50%. Под два, ќе изградиме затворен пазар со подземен паркинг простор. Пазарџиите и граѓаните повеќе нема да мрзнат зимно време на отворено. Под три, во Кавадарци ќе изградиме нова детска градинка! Родителите повеќе нема да имаат грижи каде би биле згрижени нивните деца додека тие се на работа. Под четири, целосно ќе ги реконструираме главните улиците и булевари во Кавадарци, и ќе го замениме асфалтот на сите оштетени улици во градот. Исто така, планираме и изградба на три нови кружни текови. И под пет, планираме да го комплетираме колекторскиот систем на реката Луда мара до селото Марена.

Почитувани сограѓани, заедно здружени може да направиме многу за нашиот град! Затоа ве повикувам да се придружите на нашиот тим. Нашата цел е заедничка! Враќање на животот во Кавадарци!“ – изјави Бетиане Китев.

При посетата на домовите на Ваташани, кандидатот Бетиан Китев, изјави:

Денес бевме помеѓу нашите сограѓани во Ваташа. Разговаравме и ги слушнавме нивните потреби и проблеми. Граѓаните се отворени и јасни, во Кавадарци се потребни промени, во Кавадарци е потребен Живот. Живот за сите подеднакво!

За граѓаните на Ваташа ги најави следниве проекти:

Изградба на зграда за млади брачни парови и социјални случаи; Изградба на мало пазарче во Ваташа; Асфалтирање на улица Илчо Димов и останатите улици на кои е оштетен асфалтот; Редовно одржување на православните и муслиманските гробишта и изградба на потпорен ѕид; Подобрување на уличното осветлување; Реконструкција на игралиштето Калница и особено соблекувалните кои се во руинирана состојба; Реконструкција на Домот на Културата во Ваташа за потребите на Месната Заедница; Средување и уредување на просторот околу споменикот на 12-те деца; Тампонирање на патот до село Моклиште; Изградба на велосипедска патека од Ваташа до Моклиште; Изградба на мост под Иле МакУредување на Моклишкото езеро; Доизградбата на кејот на реката Луда Мара накај Ваташа.