8 навики на успешните

Дали некогаш сте се запрашале што прават некои луѓе поразлично, што ги прави поуспешни од другите? Идеи, мотивација, упорност и среќа се секако дел од причините, но најуспешните имаат неколку навики кои ги одделуваат од останатите Кои се тие навики?

8 навики на успешните

Ова е листа на 8 навики на успешните луѓе, кои ги прават нив поразлични од другите:

1. Медитираат

Многу милионери, но и останати успешни луѓе, имаат изјавено дека медитираат во слободното време. Тоа им помагало за одржување на фокусот и концентрацијата, но и за опуштање и намалување на стресот.

2. Се будат рано

Според многу истражувања, луѓето кои се будат порано, но сепак се наспани барем 6-7 часа, се многу посреќни од останатите. Но, се и поуспешни. Станувањето рано овозможува навремено да ги завршите вашите обврски, па и да имате време за одмор и прошетка во текот на денот.

3. Создаваат своја мрежа

Вмрежувањето е можеби најбитната работа во бизнисот. Многумина сметаат дека ваша задача за време на студирањето, секако и подоцна, не е толку да земете диплома, колку што е да направите мрежа на луѓе кои подоцна ќе ви се најдат во животот или бизнисот.

4. Знаат кога да кажат „не“

Ова е суштински важно. Доколку не знаеете и не можете уште веднаш да кажете „не“, бидете сигурни дека вашата енергија и време ќе се одлева залудно. Во претходна статија набројавме 5 моменти кога треба да кажете „не“.

5. Не гледаат телевизија, туку читаат

И науката повеќе пати има потврдено дека читањето ја стимулира фантазијата и креативноста, за разлика од гледањето телевизија. Според едно истражување во САД, само 6% од богатите гледаат реални шоуа, а дури 78% од сиромашните.

6. Прават план за работа и листа со приоритети

Вечерта пред легнување секогаш креираат листа со приоритети, како и план за следниот ден. Тоа помага да се одржува фокусот.

7. Си поставуваат цели и ги визуелизираат

Визуелизацијата е моќна алатка. Замислете како правите нешто и подоцна бидејќи веќе се создале невронски врски во вашиот мозок, полесно ќе ја направите таа работа и во реалноста.

8. Инвестираат правилно и паметно ги менаџираат своите пари

Немојте да ги трошите парите на луксуз и фалење. Инвестирајте, но и имајте дел одреден за заштеда, за во потешки времиња.

Извор: www.entrepreneur.com