6 тајни што Арнолд сака да ги сподели со вас

Седумкратниот светски шампион во боди билдинг, светски познат холивудски актер, и подоцна гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, со вас споделува 6 тајни за неговиот успех. Ова се 6-те совети на човекот кој ги исцртуваше границите на успехот и човечката упорност и издржливост.

Arnold-Schwarzenegger-Tips_rotator_0

 

Тајна број 1: Верувај во себеси!

Без разлика што другите мислат. Верувај во себеси и не се двоуми да им веруваш на твоите инстинкти.

 

Тајна број 2: Прекрши ги правилата!

Биди оригинален. Размислувај „out of the box“. Не копирај што прават другите. Биди уникатен. Биди свој!

 

Тајна број 3: Не се плаши да изгубиш!

Секогаш биди спремен дека може да изгубиш и нема ништо лошо во тоа. Но, секогаш почнувај одново, со лекцијата која си ја научил од поразот. Шампионите губат, но се обидуваат повторно. Тие пропаѓаат и пак се креваат. Тие губат и после тоа почнуваат да работат уште понапорно. Останатите поразот го земаат како изговор да не се обидат повторно.

 

Тајна број 4: Немој да ги слушаш циниците и негативните луѓе!

Многу луѓе ќе ти велат дека тоа не може да биде направено или постигнато. Тоа се хејтерите, луѓето кои ти завидуваат и кои не веруваат во себеси.

Тајна број 5: Работи напорно!

Не оставај камен непревртен. „Only start counting when you start to feel pain, because that is when it really counts“ – Мохамед Али.

Тајна број 6: Давај назад на другите!

Најди време да се оддолжиш и помогнеш на другите. Никогаш не ги заборавај луѓето кои ти помогнале да бидеш онаму каде што си денес. Секогаш биди тука за луѓето кои секогаш биле тука за тебе. Но, одвој време и помогни им и на оние кои не ги познаваш, но кои сакаат да успеат и постигнат нешто во животот. Дај им позитивна енергија и некој вреден охрабрувачки совет.