5 типа на обувки што секој маж треба да ги има

Иако многумина ги занемаруваат, чевлите се клучен аспект од стилот на еден маж. Жените најчесто прво ги забележуваат чевлите кај еден маж и според тоа го оценуваат целиот негов стил и вкус за мода. Ви претставуваме 5 типа на обувки што секој маж треба да ги има како дел од својата гардероба.

5 типа на обувки што секој маж треба да ги има

1. Кафеави кожни чевли

Овој тип на чевли поттекнува од Шкотска и Ирска, и со тек на време станаа многу популарни во цел свет. Ги има во различни дизајни и форми. Најголема позитивна особина е тоа што одговараат на скоро секаков стил, од свечена до опуштена гардероба.

1a

1

2. Црни кожни чевли

Овој тип на чевли е типичен машки чевел што секој маж треба да го има. Одлично оди со смокинг, пантолони, и фармерки. Сепак најчесто се носи и најдобро одговара со костум.

2a

2

3. Мокасини

Наша препорака се тегет и кремаста боја, иако може да носите мокасина со скоро секаква боја, во зависност од тоа каква боја на гардероба ќе носите. Поттекнуваат од средниот век, но повторно влегуваат во мода во 1960-тите години. Одлична комбинација за опуштена прилика и секако задолжителни за летниот период.

3a

3

4. Бели патики

Досега ви презентиравме само чевли. Но, нели мора некогаш да одите на спортски настан, на излет и слично. За таа прилика белата патика секогаш ќе биде во мода.

5

5a

5. Високи кожни чизми

Доаѓаат дождовите и есента. Мора да имате во вашиот плакар и повисоки чизми. Тие одговараат со секаков тип на гардероба, секако освен со тренерки. Комбинирајте ја бојата да одговара со каишот и/или јакната.

4a

4

Коментари

коментари