Најинспиративните политички говори во историјата

Сеуште постои дебата за тоа кои политички говори оставиле најсилен белег и влијание во светската историја. Сепак, помеѓу научниците кои ја изучуваат политиката, постои одредена согласност дека овие говори без дилеми оставиле најголемо влијание и инспирирале многу генерации после тоа.

JFK_podium

 

Говорот на Џузепе Гарибалди (Неапол, 1860 год.)„Достојни сте на македонската фаланга“

Овој говор Гарибалди го одржал пред неговите војници со цел да ги мотивира во битките за Неапол и за ослободување на Италија. Гарибалди денес во Италија е славен како најпознатиот народен херој и воен лидер.

 

Говорот на Абрахам Линколн (Пенсилванија, 1863 год.) – „Обраќањето Гетизбург“

„Обраќањето Гетизбург“ е еден од најпознатите говори во американската историја, искажан на националните воени гробишта во Гетизбург, Пенсилванија, четири и пол месеци откако војските на Унијата ги победиле војските на Конфедереацијата, во битката кај Гетизбург, со што е ставен крај на граѓанската војна во САД и било укинато ропството.

Во говорот, кој иако траел само 2 минути, Линколн прогласил „повторно раѓање на слободата“.

 

Говорот на Адолф Хитлер (Берлин, 1939 год.) – „Сега сум само прв војник на Германскиот Рајх

Иако во негативна конотација, без дилеми овој говор е еден од највлијателните говори на Хитлер, кој е одржан на 1-ви септември 1939 година во Германскиот Рајхстаг (Парламент), во моментот кога германските војски извршиле инвазија на Полска, со што започнала Втората Светска војна.

 

Говорот на Винстон Черчил (Лондон, 1940 год.) – „Крв, труд, солзи и пот“

Можеби сте слушнале за овој легендарен говор на Винстон Черчил кој бил одржан во Долниот дом на Британскиот Парламент, на почетокот на Втората Светска Војна. Без сомнеж, овој говор инспирирал многу Британци во Втората Светска Војна.

 

Говорот на Џон Кенеди (Вашингтон, 1961 год.) – „Прашај што ти можеш да сториш за својата земја“

На 20 јануари 1961 година Џон Фицџералд Кенеди бил прогласен за 35-тиот претседател на САД. Својотинаугурациски говор го одржал веднаш по полагањето на свечената заклетва. Необичните американски статистики пишуваат дека обраќањето во оригинал содржело 1364 зборови, траело 14 минути без една секунда, во меѓувреме немало ниту еден аплауз, со што претставувало четвртото најкратко инаугурациско обраќање во американската историја. Сепак, тоа не било пречка многумина да го прогласат за едно од најдобрите.

 

Говорот на Мартин Лутер Кинг Јуниор (Вашингтон, 1963 год.) – „Јас имам сон“

Со овој дефинитивно најпознат политички говор, Мартин Лутер Кинг, емотивно ја наелектризирал насобраната толпа до дотогаш невидени размери. Овој говор е прогласен од историчарите, за можеби најинспиративниот говор во историјата, а изразот „јас имам сон“ станал пример за граѓанска борба, активистички отпор, политичка визија и човечки непокор.

 

Говорот на Ернесто Че Гевара (Њујорк, 1964 год.) – „Маршот нема да сопре“

Овој говор е одржан во Генералното Собрание на ОН во Њујорк. Во овој говор тој тој отворено го критикува империјализмот, а со својот бунтовен став и револуционерен оутфит, инспирира многу следбеници.

 

Говорот на Барак Обама (Чикаго, 2008 год.) – „Ова е ваша победа“

Човекот кој еднаш се опишал себеси како „слабо момче со смешно име“, на 4-ти ноември 2008 година во Гранд парк во Чикаго, стоеше пред огромна еуфорична толпа, како и пред аудиториум од целиот свет – и со говор кој беше и сериозен и инспиративен, го превзема врз себе енормниот товар на водство на Соединетите Американски Држави.

 

Извор: Прва антологија на најславните говори на сите времиња од светот и од Македонија.