5 причини поради кои треба да вежбате

Тешко е да се придржувате до редовното вежбање и да останете во добра форма нели? Секако дека да, тоа најчесто се случува поради најразлични изговори кои успевате да ги измислите кога не ви се вежба. За да се вратите во форма, ние ги истраживме 5те најголеми изговори и откривме 5 добри причини кои ќе почнете да вежбате.

Изговор 1: Настинка

„Настинат/а сум, не се чувствувам добро“признајте, сте го искористиле овој и многу слични изговори за да не вежбате. Вистината е дека сите понекогаш сме го направиле тоа бидејќи сме биле настинати и не сме се чувствувале добро, а тоа навистина е доволна причина за да не вежбате нели?

Не, не е!

Вежбањето кога сте настинати всушност може да биде добро за вас, бидејќи потта може да ги намали симптомите на настинка, да го зајакне вашиот имунитет и да ви помогне полесно да се ослободите од несаканите бактерии преку зголеменото потење, дишење и консумирање на течности. Нема повеќе изговори – застанете на лентата за трчање и победете ја настинката!

group of young people runs at the beach on beautiful summer sunset

Изговор 2: Штета, го пропуштив часот за вежбање

Сите знаеме дека брзото темпо на секојдневниот живот понекогаш може да претставува голем проблем. Обврски на работа, купување намирници за домот, неочекувани обврски – сите овие работи понекогаш можат да не спречат да стигнеме на часот за вежбање и не постои нешто што можеме да направиме нели?

Погрешно!

Пропуштањето на час за вежбање дефинитивно не е добра причина за целосно да можете да го скокнете часот за вежбање. Секогаш постои и час кој подоцна може да го посетите или пак едноставно можете да импровизирате час во удобноста на вашиот дом – само треба да се соочите со вистината дека ги користите вашите обврски како изговор, прилагодете се кон околностите и почнете да се потите.

Изговор 3: Моментално сум во „оние“ денови

Очигледно е дека овој изговор се однесува само за жените (иако сме сосема сигурни дека и мажите го користат) и многу жени го користат секој месец за да ја избегнат нивната рутина за вежбање барем три-четири дена. Вежбањето ги влошува симптомите нели?

Не, сосема спротивното!

Истражувањата покажуваат дека вежбањето всушност им помага на многу жени да ги намалат болките и грчевите, го подобрува расположението и го освежува телото. Драги дами, сега гледате дека оние денови во месецот се само изговор за да бидете мрзеливи неколку дена. Но тоа е глупав изговор! Вежбањето всушност ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

two-steps-to-kill-workout-fatigue-graphics-1

Изговор 4: Ги заборавив слушалките/ Облеката не ми е исушена

За да може да ја издржите цела вежба треба да имате одреден степен на мотивација подолг временски период и вашето вежбање треба да ви стане рутина. Мора да биде направена секојдневно во исто време, во одредена облека и специјални додатоци (како што се слушалките) за да може да ја олесните нели?

Можеби, но вистинската намена на вежбите е нешто друго…

Треба да останете здрави, фит, самоуверени и тоа да се чувствувате привлечно. Штом го признаете тоа дека ова се вистинските причини за вежбање, сите други изговори како што се заборавањето на слушалките и сл. нема да ве залажуваат повеќе.

Изговор 5: Треба да работам / да учам

Сите понекогаш треба да си ја донесеме работата и дома – на тој начин функционираат работите во денешно време. Но трошењето на вашето време за вежбање кога имате толку многу за учење и работа е глупаво нели?

Далеку од тоа

Секако, вежбањето пред да почнете да работите или учите ќе ви одземе скапоцен половина час, но трикот е во тоа дека времето кое потоа ќе го поминете во работа или учење ќе го направи поефикасно. Различни студии покажуваат дека доколку имате физичка активност пред да работите или пак учите тоа позитивно ќе влијае на вашата работа и ќе ви помогне да се сконцентрирате на работата и да обрнете внимание на деталите.  Престанете да ги користите  вашите работни и училишни обврски како изговор за да не вежбате – наместо тоа користете ја физичката активност за да ја подобрите вашата работа.