5 основни фактори за среќа според Карл Јунг

Во 1960 година, брилијантниот Карл Јунг, основачот на аналитичката психологија, бил интервјуиран од новинар, кој го прашал: „Кои според вас се 5-те основни фактори за среќа во животот?“ Јунг одговорил:

carl-jung-in-his-study-room-_cropped

1. Добро физичко и ментално здравје;

2. Добри пријателски и интимни врски (брак, семејство, пријатели);

3. Способноста да перцепирате убавина во природата и уметноста;

4. Пристојни услови за живот и работа која ве исполнува;

5. Изграден филозофски или религиски поглед на светот, кој ќе ви помогне да се справите успешно со сите предизвици и перипетии кои ги носи животот.

„Сите овие фактори комбинирани заедно, во најголем број од случаите ќе создадат среќна и исполнета индивидуа, но секогаш ќе има исклучоци од правилата, бидејќи човечката психа е толку разновидна и уникатна кај секоја личност“ – биле зборовите на Јунг.