5 лекции од најуспешните

Како некој што има амбиции, но сеуште не е ултра успешен, секогаш сум бил заинтересиран за тие што се најдобри во тоа што го прават. Најдов пет заеднички работи кај елитата во спортот, бизнисот и други професии.

success-wiggle-lines

 

1. Живеј дисциплинирано.

Без разлика на пренатрупаниот распоред, актерот Dwayne “The Rock” Johnson секогаш наоѓа време за вежбање и во исто време следи строга диета, јадејќи седум оброци на ден. Се буди во 4 часот наутро и го почнува денот. Можеби звучи екстремно, но тој е подисциплиниран од неговите конкуренти.

2. Постави си цел.

Највисокиот степен на успех е процес од долгогодишен тренинг и подготовка. Потребна е голема инспирација за да се одржи таа дисциплина, недостижна од обичните луѓе. Целта е таа што те води во дури и во најмрачните моменти.Не секој може да ја најде правата цел, но ако ја најдеш твојата веќе поседуваш алатка што ќе ти помогне во животот.

3. Биди склон кон акција.

Ако помислиш на безбројните саати што се потребни да станеш добар во нешто, ќе сфатиш дека превземањето акција веднаш е клучно. Времето е најголемиот и најредкиот комодитет што постои. Тие што се стремат кон успех се свесни колку е скапоцен секој ден и не губат ниту секунда.

4. Неуспесите нека те мотивираат.

На стартната линија има многу гужва, но на пат до финиш линијата многу луѓе ќе се откажат. Секој може да падне во искушение да се откаже. Екстремните победници се екстремно упорни. Тие го гледаат неуспехот како пречка на патот.

5. Не се преоптоварувај што другите мислат за тебе.

Да работиш секојдневно кон една цел не е “нормално”.  Луѓе што прават несекојдневни работи се подложни на критика. Затоа за успешните, критичарите само ја потхрануваат нивната амбиција.