4-те Основни Правила На Часовникот За Мажи

Мажите со стил знаат дека не смеат да носат кафеави чевли со црн каиш, предвреме подготвена машна или пижами кога одат до продавница. Но, кога доаѓаме до часовниците, мажите често знаат да бидат нејасни во својот стил.

Да се знаат основните правила за носење на часовник, значи да се избегнат грешки кои и самите часовници не ги заслужуваат, а камоли мажи кои сакаат да импресионираат со својот стил.

1. Носете часовник на зглобот кој ви одговара

Основното правило е да се носи часовник на зглобот од раката која помалку ја користиме. Но, не треба да се дозволи традицијата да го диктира стилот – Носете го часовникот на онаа рака каде најмногу ви одговара.

2. Никогаш не носете часовник за нуркање со костум

Ако Џејмс Бонд носел во филмот, не значи дека и вие треба да носите. Тој е шпион кој во секој момент може да скокне во река со својот костум. А вие?

Друга работа, часовниците за нуркање се гломазни, не стојат добро под костум или сако и се јасен знак дека не ги разбирате правилата за носење на часовници. Исто како што не би носеле наочари за сонце навечер, оставете го часовникот за нуркање дома кога носете костум.

3. Носете темно со темно, и светло со светло

Ако излегувате во текот на денот, носете посветол часовник во крем или бела боја. Во ноќта, фокусирајте се на потемни бои како црна, сива или кафеава. Исто како што темното сако е нешто што би го носеле само навечер, и темниот часовник треба да ви биде на зглобот навечер.

4. Восхитувајте се на туѓи часовници оддалеку

Би чепкале ли во туѓо портмоне? Ако одговорот е не, немојте и да допирате туѓ часовник. Еве зошто – За многу мажи, часовникот е единствениот скапоцен акцесоар кој го поседуваат. Внимателно го чуваат од прашина и од отпечатоци. Значи, во ред е учтиво да го погледнете на нечија рака и да го пофалите вашиот другар за изборот на часовник, но не е во ред да го допирате а уште повеќе, да му го побарате за да пробате како ви стои.

Заклучок: Со овие правила, носењето часовник со стил треба да биде многу полесно. Погледнете ја најновата понуда на часовници за мажи на Купер.мк.

Статијата е преземена од сајтот www.kuper.mk