4 најпопуларни бои за машката гардероба оваа есен

Ги издвојуваме 4-те најпопуларните бои за гардеробата за мажи оваа есен. Има доста интересни и неконвенционални трендови кои ќе сакате да ги пробате.

стил насловна

1. Винска боја

Оваа боја е особено популарна во последно време, бидејќи може да се комбинира совршено со останатите есенски бои и одговара за секое парче облека, како панталони, џемпер, дуксер или јакна. Наша препорака се пантолони со винска боја за оваа есен.

вински пантолони

 

2. Кремаста (светло кафеава)

Оваа боја ќе и даде свежина на вашата гардероба и стил. Доколку не се плашите да експериментирате, пробајте со кремаста јакна или палто. Кремаст џемпер и пантолони, исто така секогаш се во мода.

кремаста

3. Маслинесто зелена

Бојата одлично се комбинира со кремасти панталони и ќе ве прави уникатен од останатите кои се држат до конвенционалните есенски бои како црна, кафеава и сива.

маслинесто зелена

 

4. Портокалова

ОК, знам веднаш ќе реагирате овде. Но, не зборувам за само портокалова, туку портокалова искомбинирана со друга боја, на одредено парче облека. Карирана кошула со портокалови нијанси е одличен избор оваа есен.

карирана портокалова кошула

Немојте да се плашите да експериментирате со стиловите оваа есен. Неконвенционалното е во мода. Но, сепак бидете внимателни да не комбинирате повеќе од 3 бои и добро да ги усогласувате боите.