10 причини зошто сокот од домати е одличен за здравјето

Според нутриционистите сокот од домати е најхранливиот облик на овој плод. Особено се препорачува за спортистите и рекреативците за жешките летни денови.

Сокот од домати содржи многу активни состојки, а ако го пиете редовно, значително ќе почувствувате големо подобрување на здравјето.

Ви набројуваме 10 причини зошто сокот од домати е одличен за здравјето на секој човек:

1. Полн е со витамини

Свежиот сок од домати е одличен природен извор на витамините А и С. Со редовна консумација на нивниот сок ќе спречите појавување на некои болести кои се поврзани со видот, ќе го зајакнете имунитетниот систем и ќе ви го одржи здравјето. На забите и коските.

2. Го намалува холестеролот

Поради неправилниот начин на исхрана, сè повеќе луѓе има со зголемено ниво на холестерол во крвта. Сокот од домати е богат со хранливи влакна кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол, а го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

3. Ослободува од отрови

Човечкото тело, за жал, стана складиште за токсини и разни адитиви со кои е преполна храната која ја јадеме. Доматите содржат хлорин и сулфур кои ја потпомагаат работата на црниот дроб и бубрезите. Затоа доматите се најдобар плод за детоксикација.

4. Ја стимулира работата на цревата

Милиони луѓе во светот имаат проблеми со цревата. За тоа најмногу помага сокот од домати. Со негова редовна консумација се олеснува варењето на храната во организмот и заштита од појава на запек.

5. Помага при слабеењето

Редовната консумација на сок од домати поттикнува хидратација на организмот, а хранливите влакна кои ги има во сокот даваат чувство на ситост, кое помага ако сте на диета. Исто така, го снабдува телото со сите потребно хранливи состојки, па прави сите метаболички процеси во организмот да се одвиваат како што треба.

Sok od domati

6. Штити од срцеви болести

Доматот е богат со витамин Б6, па неговиот сок е најдобро средство за превентива кога се во прашање срцевите заболувања. Се смета дека витаминот Б6 ги уништува хомоцистенот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и со тоа придонесува за срцеви заболувања.

7. Го подобрува тенот

Сокот од домати може да го пиете, но и да го ставите директно на кожа, однадвор. Покрај тоа што има осветлувачки ефект кој спречува појава на акни, ги отстранува флеките на кожата и ги затвора порите.

8. Ги уништува слободните радикали

Со пиење на само една чаша сок од домати дневно, спречувате појава на слободни радикали во телото. Тие се штетни молекули кои во крајна линија може да доведат до појава на рак. Со оглед на тоа што доматот е одличен природен извор на антиоксиданси, ги запира и појавата и дејството на слободните радикали.

9. Го спречува заболувањето од рак

Доматите се одличен извор на ликопен кој спречува појава на неколку облици рак, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, ракот на дојка, простата, црева и ракот на панкреас.

10. Превкусен е

Обично работите кои се здрави не се секогаш највкусно. Сепак тоа не важи за сокот од домати кој е превкусен е делува освежувачки за жешките летни денови.

Сите овие резултати се доволни за да почнете да пиете чаша сок од домати секојдневно.