10 реченици што интелегентните луѓе не ги користат

Постојат зборови и реченици, што се општо прифатени како несоодветни, како пцуење, користење вулгарен речник итн. Сепак, постојат неколку реченици, кои иако не се несоодветни, сепак имаат негативно влијание и интелегентните луѓе одбегнуваат да ги користат.

11 реченици што интелегентните луѓе не ги користат

Издвојуваме 10 реченици што интелегентните луѓе не ги користат воопшто, или барем многу ретко.

1. Не е фер

Животот понекогаш знае да биде суров и нефер, но постојаното користење на овој збор, имплицира за вас дека сте наивна и незрела личност.

2. Отсекогаш било вака

НЕ! Не било отсекогаш вака и нема да биде. Работите, па дури и свеста и културата на луѓето се менуваат.

3. Нема проблем

Со ова кажувате дека можеби нешто што сте правеле за некоја личност било проблем, и со тоа им ставате до знаење дека се наметнуваат. Освен ако тоа не ви е намерата, не е добра одлука да се користи овој збор.

4. Ова можеби е глупава идеја/Ќе поставам глупаво прашање

Ова имплицира недостиг на самодоверба. Доколку вие немате самодоверба во вашите идеи и прашања, верувајте и другите нема да ги сфаќаат сериозно.

5. Ќе средам за минутка

Освен ако навистина ќе завршите нешто за 60 секунди, подобро е да користите, „Нема да трае многу долго време“.

6. Ќе се обидам

Во најголем број од случаите овој збор го користат луѓето кои сакаат данајдат изговор за нешто што нема да го направат/завршат.

7. Тој е мрзлив и неспособен кретен

Нема ништо лошо да му кажете некому во лице ако е неспособен за некоја работа и тоа да е навистина така. Но, да го користите тоа на навредувачки начин и со цел само за вие да изгледате подобар е погрешна стратегија.

8. Тоа не е дел од мојата работа

Можеби излегло нешто итно и вашиот шеф морал од некого да побара нешто што не е вообичаено во работните обврски. Во ред е да прифатите. Но, сепак ако постојано го бара истото од вас, без зголемување на платата или унапредување, може сепак и не е толку лоша употребата на овој збор.

9. Ја мразам мојата работа

Никој не ги сака оние кои постојано ги спуштаат моралот на останатите во една група/тим. Ако ја мразите вашата работа, нема ништо лошо во тоа. Едноставно дадете си отказ, но не мора 3 месеци да го зборите истото и да продолжувате да го работите тоа.