10 познати и успешни луѓе кои претходно биле одбиени

Сте доживеале одбивање, неуспех, пораз. Верувајте, тоа не е крајот. Многу успешни и познати луѓе кои претходно биле одбиени и на кои им било кажано дека не ги бива, подоцна доживеале огромен успех. Набројуваме 10 од нив.

1. Милтон Херши

Milton Hershey

Човекот познат по првите млечни чоколада и чоколадни бомбони – Херши. Работејќи во локалната фабрика за колачи, одлучува да да си даде отказ и да започне сопствено производство на чоколада и колачи. Неговиот бизнис три пати пропаѓа, од кој еднаш толку тешко што бил доведен на работ на опстанокот.

2. Теодор Жизел

Theodor Giesel

Обидувајќи се да ја промовира својата напишана книга на издавачките куќи со цел да ја издадат, добивал коментари како: „книгата е чисто ѓубре“. Човекот бил толку упорен да после 27-иот пат и одбивање успеал да ја издаде книгата и станува светски познат писател, денеска попознат како Dr. Seuss.

3. Алберт Ајнштајн

Albert Einstein

Овој гениј познат по Теоријата на Релативноста во физиката, немал лесен и почеток. Уште како дете, првиот збор го изговара дури на 4 години. Уште во училиште од наставниците бил оценет како мрзлив и подпросечен ученик. Денеска тој прогласен е еден од најпознатите и најгенијалните светски физичари на сите времиња.

4. Бенџамин Франклин

Benjamin Franklin

Еден од основачите на Соединетите Американски Држави, иноватор и изумител на бинокалот и други работи поврзани со електрицитетот. Бидејќи неговото семејство било сиромашно и немало пари за негово образование, тој завршил само основно образование. Но, тоа не го спречува самиот да се образува. Историчарите велат дека читал многу книги, во секоја можност.

5. Стивен Кинг

Stephen King

Кинг е денес од најпродаваните автори на денешницата со продадени преку 350 милиони книги. На почетокот на својата кариера бил одбиен 30-тина пати што резултирало сите свои текстови да ги фрли во ѓубре. Но, со големата подршка на неговата сопруга, тој успева да ги издаде првите свои дела.

6. Опра Винфри

Oprah Winfrey

Опра доживува доста трауматично детство, абортирајќи на 14 години откако е злоставувана и силувана од нејзиниот братучед. Денеска е светски позната водителка.

7. Томас Едисон

Thomas Edison

Томас Едисон е познат како човекот со најмногу науспеси пред да го создаде она кон што се стремел. Обидувајќи да создаде електрична светилка, доживеал 10.000 неуспешни обиди, додека да успее. Неговата изрека, „Јас не доживеав неуспеси. Јас само најдов 10.000 начини кои не функционираа“, денес е најпозната помеѓу иноваторите и претприемачите.

8. Мајкл Џордан

michael-jordan

Додека бил на колеџ (факултет), Мајкл се обидел да влезе во кошаркарскиот тим, но бил одбиен. Денеска тој е прогласен за еден од најпознатите и најдобрите кошаркари на сите времиња.

9. Волт Дизни

Walt Disney

Работејќи во локален весник, бил отпуштен поради тоа што според нив не бил доволно креативен. Подоцна неговите цртани филмови Мики Маус, биле одбиени под изговор дека „биле страшни за жените“. Да ги слушал овие критики и мислења, Волт Дизни, денеска немаше да ги имаме сите цртани на Дизни, кои сите сме ги гледале како мали.

10. Крис Кар

Kris Carr

Жената која се изборила со ракот, денеска е познат светски фитнес тренер, како и нутриционист и советник за здрава исхрана.